Најдобро од сè е што може да остане во фрижидер неколку дена и секогаш ќе биде како да сте го замесиле во моментот.
Состојки:
- околу 1 кг брашно
- 500 мл млако млеко
- 200 мл јогурт
- 2 јајца
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 коцка квасец
Подготовка:
Земете 1kg брашно и направете шуплина.
Истурете малку млакo млеко во таа празнина и смачкајте го квасецот и посипете со шеќер. Измешајте со малку брашно и оставете го квасецот да нарасне.
Додадете ги сите останати состојки и месете мазно тесто.
Доколку е потребно, додадете малку повеќе брашно додека тестото не престане да се лепи на вашите раце. Покријте го тестото со крпа и оставете убаво да нарасне.
Од ова тесто можете да направите погачи, кифлички, мекици, пица, што сакате.
Ако не користите целото, завиткајте го тестото во најлонска кеса и оставете го во фрижидер и до неколку дена.