Наида Гаџо од синоќа стана нова натпреварувачка во деветтата сезона на „Парови“.
Оваа учесничка им е позната на сите гледачи на популарниот ТВ формат, а нејзината емотивна врска со Ненад Маринковиќ Гастоз беше особено следена.
Гастоз со ентузијазам ја пречека својата бивша, кога повторно влезе во луксузната земунска вила.
„Тој е добар човек. Квалитетен. Тој има недостатоци, но мислам дека ќе биде одличен партнер, сопруг и татко“ – одговори Наида на прашањето што мисли за Маринковиќ.
– „Знам како дише. Бев како некој нејзин роб. Бев фасциниран од неа. Со неа се беше поинаку“ – изјави Гастоз.
Како изгледаа односите на Ненад и Наида, можете да се потсетите во видеото подолу: