
Старлетата апелираше поради смртните закани кои ѝ ги упати Кристијан Голубовиќ на Пинк Тв!
Кристијан Голубовиќ ѝ се закани на смрт на Станија Добројевиќ за време на емисијата „Прашања на гледачите“!
За време на разговорот со Марија Кулиќ, која го советуваше да ги прекине сите кавги со новосадската старлета, тој стана и рече:
“Сега се колнам во моите две деца … Јас ќе ја убијам Станија Добројевиќ или сам или преку моите луѓе, ако таа не ми се извини! Ќе го убијам секој што ќе ги навредува моите деца и ќе ги спомне, дури и ако бидам во затвор 40 години”.
Набргу по прикажувањето на овој дел од шоуто, Станија Добројевиќ проговори и ја повика државата да реагира:
“Не верував дека ќе бидам принудена да објавам вакво нешто на мојот профил, но за жал морам, со цел да ја подигнам свеста кај нашиот народ, државата, судскиот систем, полицијата, медиумите. Ова не е прв пат на национална телевизија на најбрутален начин да ми се заканува со смрт! Пред пет години овој човек јавно рекетираше, целата земја гледаше и молчеше?! Никој не реагираше. Сега тој јавно се заканува со смрт, државо реагирај! Доста веќе! Освен што ќе поднесам кривични пријави, апелирам до сите луѓето да не молчат за такви работи, туку да реагираат. Ова не е ријалити или шоу-бизнис, ова е мојот живот и јавно ми се закануваа со смрт! “.