
Пејачката Емина Јаховиќ важи за една од најубавите жени на нашата јавна сцена. Таа одлучи да го покаже своето лице без шминка.
Имено, Емина на својот Инстаграм профил објави фотографија од теретана, а многумина забележаа дека пејачката нема ниту тронка шминка.

Пејачката, која секогаш ја гледаме средена, во сценска гардероба и со силна шминка, сега им се претстави на фановите во комплетно опуштено издание – Во теретана.