
Северина на својот профил на Инстаграм се присети на летните денови и објави фотографија на која позира во костим за капење и очила за сонце, додека седеше на брод на пристаништето во Сплит.
Нејзината совршена фигура ги воодушеви инстаграмџиите кои веднаш и испратија бројни коментари како: „Леле“, „Совршена“, „Слатка“, „Ти си вистинската дама и кралица на естрадата“, „Само ги палиш фановите“. Веќе се шпекулира за нејзиниот љубовен бродолом со Игор Којиќ и очигледно е дека тие веќе долго време не се во иста земја. Додека пејачката е во нејзиниот стан во Загреб, фудбалскиот менаџер е во Србија.