Синот на Марина Туцаковиќ и Фута Радуловиќ, Милан – Лача и упати остри зборови на фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ, па индиректно ја нарекоа воен профитер. Ова особено ја збуни јавноста и дојде од никде, оти се знае колкава поддршка и беше Цеца на Туцаковиќ сиот овој период додека се соочува со лошата болест.
Радуловиќ на Твитер напишал дека местото на Цеца ѝ е во Хаг, што предизвикало бурни реакции на социјалните мрежи. Запрашан за мислење на новата песна “Ми“, која неодамна ја објави Дино Мерлин, Лача одговорил:
„Јас сум повеќе, како што гледам, на сите тие воени хушкачи, кои сега без помош сакаат да се лустрираат, местото им е во Холандија во градот за искупување. Мерлин, Цеца и други…“, напишал на социјалните мрежи.
Пријателите тврдат дека Цеца била стаписана од испадот на синот на Марина со оглед на тоа дека сeмејството со години соработува и дека Лача го сметала и третирала како да ѝ е син.
Овој потег не ги изненадува неговите пријатели кои тврдат дека во моменти кога е под дејство на лоши супстанци знае се’ и сешто да напише, а подоцна да се кае.Единствено не им е јасно како во потсветста го нема фактот дека Цеца прва ѝ се најде на неговата мајка за помош кога се соочи со тешка болест…
За испадот на Радуловиќ Цеца не сакала ништо да коментира.