Какви чувства имате кога замислувате море или стадо коњи?
Овој психолошки тест се појави на веб-страницата “Bright side” и се верува дека дури и австрискиот психијатар Зигмунд Фројд ги користел овие прашања за да открие како неговите пациенти се однесуваат во врска со животот, семејството или партнерот.
Земете си еден молив, хартија и вашата имагинација.
Прочитајте ги прашањата и запишете ги вашите одговори. Потоа можете да дознаете што значат.
Прашања:
- Гледате во морето. Кое е вашето прво чувство?
- Одите низ шумата и гледате во стапалата. Како се чувствувате?
- Гледате како летаат галеби. Како се чувствувате?
- Гледате стадо коњи. Опишете прво што чувствувате, но не размислувајте долго.
- Во пустината гледате ѕид со мал отвор, зад кој се наоѓа оаза. Во овој случај, вашите важна е вашата постапка, не размислувајте, запишете што би направиле.
- Повторно сте во пустината. Уморни сте од долгиот пат. Гледате сад со вода. Што правите? Можеби е банално, но запишете го одговорот на хартија.
- Изгубени сте во шумата. Веќе се стемнува. Гледате куќа со осветлен прозорец. Што правите?
- Во магла сте. Што правите?
Одговори:
Секое замислено место е само симболично за вашата потсвест. Во продолжение на тестот, можете да прочитате на што всушност се однесуваат емоциите што ги запишавте.
- Вашиот став кон животот.
- Како се чувствувате во вашето семејство.
- Вашиот став кон жените.
- Вашата врска со мажите.
- Вашата основна животна стратегија. Како ги решавате вашите проблеми.
- Вашиот сексуален живот и изборот на партнерот.
- Вашата подготвеност за брак. За оние кои се веќе во брак, неговата вредност.
- Вашиот став кон смртта.