Луна Џогани е во петтиот месец од бременоста и благословената состојба и тоа како ѝ одговара!
Таа покажа како изгледа сега, а тоа е ново-старо издание, со оглед на тоа дека повторно е русокоса со долга коса.
Луна откри дека после тежок период била решена повторно да се посвети на својот изглед. Иако многумина ја пофалија како изгледа со природна, пократка коса, ријалити sвездата сакаше да ѝ се врати на долгата коса.
“Луна се врати. Помина poтешкиот период од бременоста, гадењето, заморот и тоа завршија – не ми е гајле како изгледам! Сега влегувам во 5-тиот месец како СТАРАTA ЛУНА. ПЛАВА И ДОЛГА … ТОА СУМ ЈАС. Се чувствувам како да сум во своја кожа! Морам да ѝ се заблагодарам и да ја пофалам дефинитивно најдобрата коса“, рече Луна.
„И да се знае, јас не се здебелив, носам широка облека, јас сум згодна трудница“, додаде Луна на својата нова фотографија.