
Веднаш штом се врати, неговите цимери го чекаа со неколку прашања, а Критјан седна и детално објасни.
Денес полицијата го извади Кристијан Голубовиќ од реалното шоу „Задруга“.
Голубовиќ, како што им рече на членовите на Задруга, бил уапсен затоа што бил на потерница. Полицијата го одвела на испрашување во Краљево, па морал да плати одредени казни.
-И во Краљево на рацете ми ги ставија лисиците – му рече Кристијан на Марко Јанјушевиќ Јанјуш, а потоа во разговорот се вклучи и Милјана Кулиќ.
-Каде беше? – го праша Милјана.
-Полицијата ме уапси – и одговори Голубовиќ, и додаде:
-Некоја потерница. Бев во Краљево. Ме обвинија. Се изнаплаќав казни… – рече Кристијан.