
Пуетот пропадна поради хаотичните односи со „Гранд“ продукција
Еден од најголемите хитови на Јелена Карлеуша досега, песната „Инсомија“, ги освои срцата на публиката за многу кратко време, а малкумина знаат дека, наместо со Мирза Хамзиќ, Ј.К требаше да ја отпее со друг колега.
Имено, во времето кога беше компонирана песната, Карлеуша имаше лоши односи со продукцијата „Гранд“, па наместо да пее со Милан Станковиќ, таа го отпеа дуетот со Хамзиќ.
Но, тоа не е сè, на Јелена ѝ беше понудена дуетската песна „У тебе ме не дирај“, која Гоца Тржан и Стефан Петрушиќ ја отпеаја на Гранд фестивалот, освојувајќи го третото место, но дивата одби да ја отпее.