Првата љубов не се заборава
Сите добро знаеме дека Светлана Цеца Ражнатовиќ беше во брак со командантот на Српската доброволна гарда, Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој беше убиен во 2000 година, а таа ги роди неговиот син Вeљко и ќерката Анастасија.
Сепак, во доцните осумдесетти, Цеца не беше сама. Првиот фраер на пејачката за кого домашната јавност знаеше е фудбалерот Владан Лукиќ, а медиумите напишаа дека таа му го посвети нејзиниот славен хит „Пустите ме да га видим“.
Љубовта меѓу Цеца и Владан избувна во 1989 година, кога тој беше познат играч на Црвена ѕвезда, а таа беше пејачка која растеше и градеше кариера во Белград. Фудбалерот во тоа време имаше 18 години, а таа имаше само 15 години.
![](https://popara.mk/wp-content/uploads/2021/04/Screenshot_4-4.png)
Дури беше споменато дека тие се вериле и се подготвувале за венчавка, но се разделиле во 1990 година, кога Владан се приклучил на армијата.
Ќeрката на Владан, Сара се омажи пред неколку години, кога Цеца ѝ запеа на венчавката, а во оваа прилика, пејачката се осврна на нејзината врска со Лукиќ.
„Дојдов тука преку врска од 30 години, кога се сретнавме јас и Влада, тој на време знаеше со кого треба да се забавува, со пејачка. Шала на страна, Сара сакаше да пеам денес. Гледам дека сте прекрасно расположени “, прокоментира Цеца.
![](https://popara.mk/wp-content/uploads/2021/04/Screenshot_2-4.png)
За време на бомбардирањето на Србија, Лукиќ играше во Мец, Франција, но не можеше да издржи да игра фудбал додека страдаа неговите луѓе и се врати во Србија. После тоа, тој играше во Грција една година и ја заврши својата кариера на само 30 години.
Тој е единствениот српски спортист кој се вратил во Србија за време на бомбардирањето на НАТО на врвот на својата кариера во 1999 година, и веднаш се ставил на располагање на армијата и бил распореден.
Владан е поранешен претседател на Црвена ѕвезда, а неговото име беше скоро меѓу кандидатите за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.
Погледнете како изгледа денес момчето во кое беше заљубена фолк sвездата:
![](https://popara.mk/wp-content/uploads/2021/04/Screenshot_3-4.png)