Гоца Тржан по 2 обиди ЗАМИНАЛА ВО ПРАГА ЗА ИН ВИТРО ОПЛОДУВАЊЕ?! А еве како Раша ѝ прави друштво (ФОТО)

popara14 април, 20216min0
Screenshot_1

Не се откажува!

Пејачката Гоца Тржан отпатувала со сопругот Раша Новаковиќ, а многумина се сомневаат дека имаат добра причина.

Наводно, Гоца и Раша не се откажуваат од својата желба да станат родители. Имено, Гоца сега се обласила со својот сопруг од Прага, каде што, се претпоставува, отпатувала за да се подложи на ин витро оплодување на една од познатите клиники.

„Среќно, драги наши гулаби, ве сакаме“, „Ако сте тука за она што претпоставувам, со среќа“, „Знам дека ќе успеете сега“, беа зборовите на поддршка и љубов, под фотографија направена на Стариот градски плоштад, која ја сподели Гоца на нејзиниот профил на Instagram.

Да потсетиме, Гоца Тржан уште од самиот почеток отворено зборуваше за ин витро оплодувањето и се обидува да му роди бебе на Раша.

– Само жените кои поминуваат низ процес на ин витро оплодување знаат колку е навистина тешко. Со месеци пред да заминете, одите на анализи, каде ви земаат крв на секои неколку дена, а потоа го носите тоа на лекар, и така натаму и така натаму – рече Гоца еднаш.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma