Сепак, таа не би имала храброст да го стори истото што и нејзината мајка.
Анастасија Ражнатовиќ отворено одговори во една емисија на прашањата што би повторила, а што не од богатата кариера на нејзината мајка, познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Уште кога се појави на јавната сцена, таа е таен копнеж мажите, а пример за многу жени. Нејзините трансформации, бурниот живот, кариерата, беа под будното око на медиумите, таа често знаеше да шокира со своите потези, но ова и денес се памети, за што зборуваше и со Анастасија.
Имено, Цеца ја шокираше јавноста во 90-тите години кога се појави со кратка фризура. Сепак, нејзината ќерка Анастасија не би можела да се осмели да направи таков драстичен потег.
Не ! Никогаш. Јас навистина сакам долга коса. Би прифатила должина до рамената, ако тоа важи за кратка, јас би го сторила тоа, но толку кратко како што неа во 90-тите, јас не би. Едноставно мислам дека не одговара на сите и не би ми прилегала. – додаде младата Ражнатовиќ.