Анастасија Ражнатовиќ е многу блиска со нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ, која сама ја воспитуваше неа и Велjко. Младата музичка sвезда објасни зошто е горда на својата мајка и откри од што се откажала Цеца заради своите деца со цел да ги поведе на вистинскиот пат.
„Таа се откажа од сè затоа што е поинаку кога двајцата родители се грижат за растењето на своите деца. Самохран родител треба да носи сè на грб сам. Мајка ми е цел живот јавно изложена и минува низ многу работи. Сето ова дополнително ја влошило ситуацијата бидејќи со голем притисок во јавноста, Цеца мораше да биде добра мајка. Јас сум многу горда на неа, секогаш и засекогаш“ – рече Ражнатовиќ и испрати силна порака до сите самохрани мајки:
„Мајка ми најдобро може да го каже тоа, бидејќи таа е таа што го помина тој тежок период од животот. Но, кога ќе се сетам на мајка ми и нејзиното искуство, би им порачала на сите самохрани мајки да бидат силни, да им бидат најголема поддршка и пријател на своите деца, и сè ќе биде како што треба. Децата ќе знаат како да го ценат тоа.“