
Блеска и потпевнува.
Дечкото на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Богдан Срејовиќ, го прослави својот 38-ми роденден во градината на еден бар во главниот град на Србија.
Богдан ги собра своите најблиски, секако таму беше и Цеца, но и нејзината ќерка Анастасија, како и снаата Богдана и сестрата Лидија со нејзиниот сопруг.
Цеца објави и кратко видео на својот Instagram и покажа дел од атмосферата од прославата на роденденот.
Таа снимаше, и ја пееше песната на Дино Мерлин „Средином“, па ги отпеа стиховите: „Седи, мали, ту је твој дом, далеко су Истанбил и Беч…“.







