Пејачката најави нов албум кој треба да го види светлото на денот во текот на летото
Јелена Карлеуша најави објавување на нов албум наречен „Алфа“ со провокативно видео на Instagram.
Таа смени неколку костими. Најпрво излегува од хеликоптер во садомазохистичка облека, за потоа да се појавува во светкаво боди со крилја и интересно парче на главата. Потоа се извиткува на мотор во црвено светкаво боди.
„Вчитување на следното поглавје“, напиша Јелена во описот на видеото, додавајќи хаштагови „нов албум“, „ова лето“ и „Алфа“.
За само неколку часа собра 23.000 лајкови и докажа дека дефинитивно е една од најголемите sвезди од овие простори.