Со години успешно одржува витка линија!
Познато е дека русокосата поп дива Наташа Беквалац многу се грижи за својот физички изглед и ментална хигиена и редовно споделува видеа од своите тренинзи со своите следбеници на Instagram.
Така, и овој пат, таа се пофали со тренингот и витката фигура и ги остави без здив сите следбеници, а на дамите им даде добар пример и им постави домашни задачи.
Наташа е позната по својата убавина и весел дух, и често се шегува на своја сметка, а по првиот солистички концерт, кој го одржа на 14 февруари минатата година во белградската арена, го задржа својот беспрекорен изглед до денес, што е очигледно.