За само два часа од овој пост во кој ги повика хрватските фудбалери да ја расплакаат репрезентацијата на Шпанија, Нивес доби над осум илјади лајкови и еден куп коментари за тоа како изгледа одлично и колку е исончана.
По Ивана Кнол, една од најжестоките навивачи на хрватската фудбалска репрезентација е Нивес Целзијус. За време на ова Европско првенство, Нивес во своите предизвикувачки изданија испраќа пораки за поддршка до фудбалерите во пресрет на сите натпревари, па им испрати порака и денес. Носеше минијатурен костим за капење кој едвај ги покриваше нејзините облини и им напиша: Расплачете ги Ла Роја. За само два часа од овој пост во кој ги повика фудбалерите да ја расплакаат репрезентацијата на Шпанија, Нивес доби над осум илјади лајкови и еден куп коментари за тоа како изгледа одлично и колку е исончана.
– Имајќи предвид дека сум во брак со фудбалер веќе десет години, мислам дека мојот интерес за фудбал не е необичен. Пред Дино Дрпиќ, повеќе гледав фудбал од женска перспектива. Кој е убав, кој е згоден и кој е страствен на теренот. Но, во брак се заљубив во фудбалот воопшто – рече таа пред две години во едноинтервју. Кога хрватската репрезентација учествуваше на Светскиот куп, Нивес беше фотографирана топлес и на своето тело ги напиша имињата на репрезентативците, а тогаш им порача: Целата моја душа е со хрватскиот тим.