Според српските медиуми, Лепа Брена ќе добие хотелски комплекс на море.
Со години, Лепа Брена е голема инспирација за милионер со потекло од Србија, кој живее во Швајцарија последните 80 години и кој и предложил да му даде право хотелскиот комплекс да го носи нејзиното име, пренесува „Курир“.
Според понатамошните наводи, изградбата на хотелот наскоро треба да започне на имотот од неговото мајчинско потекло во Пераст.
Според весникот, градбата ќе биде целосно украсена според светските стандарди, бидејќи овој моќен човек не жали за парите само за сè да изгледа одлично и чудесно, додека внатрешноста ќе биде збогатена со фотографии, гардероба и детали од животот и работата на Лепа Брена, а во комплетно опремување на објектот за туристи ќе инвестира дури три милиони евра. Ќе има фотографии од пејачката на секој кат во ходниците, додека само нејзината музика ќе се пушта во лифтот, спа-центрот и ходниците.
Хотелот ќе има шест sвезди, а Брена ќе добие свој луксузен апартман наречен „Аголот на Брена“ од дури 100 квадратни метри, од кој ќе се протега поглед кон овој дел од заливот.
Исто така, се наведува дека споменатиот милионер дури и ја нарекол својата покојна сопруга „моја Лепа Брена“, па затоа од љубов кон неа, но и од почит кон ликот и делото на Лепа Брена, тој решил да инвестира милиони во хотел каде што самиот ќе ужива до крајот на животот.