Денеска Ана Николиќ и Стефан Џуриќ Раста го слават роденденот на нивната ќерка Тара, а беа обземени од посебни емоции.
Иако Стефан Џуриќ Раста и Ана Николиќ повеќе не се заедно, и двајцата и се подеднакво посветени на наследничката Тара, која е центарот на нивниот свет.
Исто е и денес, кога го слават четвртиот роденден на својата сакана. И двајцата го одбележаа овој датум со посебни емотивни зборови:
– Животе мој најубав на светот, среќен ти роденден тебе! Те сака тато – напиша раперот и објави фотографија од својата ќерка.
Ана исто така објави фотографии на своите профили на социјалните мрежи со малата славеничка и и ја посвети песната „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ.
Пејачката, како и сите мајки, одлучи овој ден да и удоволи се на својата сакана, па затоа избра фустан и чевли достојни за принцеза за прославата на нејзиниот роденден.