Верува дека нејзиниот живот е во опасност
Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, неодамна ангажираше приватно обезбедување, кое е со неа 24 часа на ден. Според информациите, пејачката се плаши за својот живот и безбедноста на своето семејство поради постојаните закани од луѓе кои некогаш ја воделе нејзината кариера.
Според извештаите на медиумите од пред неколку дена, наводно непознати сторители фрлиле бомба врз куќата на нејзиниот менаџер во Словенија. Целиот нејзин тим го негираше истиот ден, меѓутоа, наодите на новинарите се многу сигурни и постои можност соработниците на Сенида да не сакаат да зборуваат на таа тема од страв за нивните животи.
Токму тоа е причината зошто пејачката ангажирала луѓе да ја чуваат каде и да оди. Минатата недела, таа имаше концерт кај нас, каде што дојде со тројца момци, кои постојано и го чуваа грбот. Тие се обидуваа да бидат незабележителни и да не привлекуваат внимание, па додека Сенида пееше, беа сместени во близина. Штом го заврши настапот, според нашиот извор на лице место, нејзиното обезбедување ја опколило и безбедно ја однело до автомобилот, а потоа заедно се упатиле кон хотелот.
Пејачката во оваа прилика не одговори на повиците.
Маја Беровиќ и Буба Корели поминаа низ слична ситуација, а се верува дека станува збор за судири меѓу поп мафијата.