НОВОСАДСКАТА БАРБИКА КАКО ПРЕД ДВАЕСЕТ ГОДИНИ! Наташа Беквалац ги распамети фановите со објава без трошка шминка! (ФОТО)

popara10 август, 20211min0
Screenshot 2021-08-10 112954

Блеска!

Српската поп-sвезда Наташа Беквалац се појави како дебитант на фестивалот „Sunčane skale“ уште во 2000 година и се претстави со песната „Лажи ме“, која брзо стана хит. Публиката во Херцег Нови, и пошироко, беше воодушевена од младата пејачка, а покрај нејзиниот глас, Наташа ги маѓепса сите со својот изглед, поради што и го доби прекарот „Новосадска барбика“.

Две децении подоцна, Наташа продолжува да воодушевува со својата природна убавина.

Популарната пејачка моментално се наоѓа во Црна Гора со семејството и пријателите на одмор, а снимките од плажа без трошка шминка ги сподели со своите следбеници.

Се подразбира дека таа повторно ја воодушеви својата публика и ги остави сите без текст.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma