“НЕ СУМ ВРЕЌА ЗА МЛАТЕЊЕ!” Северина го потврди разводот со Игор Којиќ – одлуката беше ЗАЕДНИЧКА

20 август, 2021
igor-severina-830dx0

За прв пат јавно за распадот на бракот!

Шпекулациите што траат повеќе од една година дека Северина и Игор Којиќ повеќе не се во брак, сега добија официјална потврда.

Имено, според медиумите, бракот на Северина и Игор официјално се завршил во четвртокот во Општинскиот граѓански суд во Загреб во „Палатата на правдата“, а од петокот поранешните сопружници формално имале законски застапник, загрепската адвокатка Јасминка Билош.

Во ексклузивната изјава за „Јутарњи лист“, која пејачката ја испрати до редакцијата на овој медиум по е-пошта, таа потврди дека се развела од Игор Којиќ.

– Одлуката за разводот ја донесовме заеднички и по договор, така што нема да ја коментираме понатаму, исто како што не ја коментиравме нашата разделба. Мојата посветеност кон мојот син и борбата за старателство беа во целосен фокус во изминатите 20 месеци. Игор беше прекрасен партнер, поддршка во тежок период од мојот живот и му ја посакувам сета среќа на светот. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа за млатење. Секоја разделба е тешка и барам од медиумите да се воздржат од пишување глупости и непроверени озборувања. Не можете да ми го уништите животот, а сепак имате шанса да го поправите својот – напиша Северина.

Северина и 15 години помладиот Игор Којиќ се венчаа три пати – во Хрватска, Србија и Африка.

escort - Korsan taksi