Верните фанови добро знаат дека шеширот на Харис е неизбежен моден детал
Босанскиот фолк -пејач, текстописец и композитор Харис Џиновиќ со години е познат по својот моќен глас, но и по неговиот заштитен знак. Верните обожаватели многу добро знаат дека тоа е шеширот кој речиси секогаш е негов неизбежен моден детал.
Само неколку луѓе го виделе музичарот без него, па фотографијата на која Харис позира без шешир е вистинско уживање за сите долгогодишни фанови. На социјалните мрежи последните денови кружи фотографија од кралот на народната музика на која е фатен без шеширот, а истата објава стана вистински хит.
Фотографијата ја објави неговата колешка, пензионираната пејачка Зерина Цокоја. Црно-белата фотографија датира од некое дамнешно време, поточно од 1991 година, а музичарите позираат на неа со насмевка од уво до уво. Бројните обожаватели веднаш ја преплавија објавата со коментари, а главната дискусија беше само за модниот детал. „Ова е чудо. Отсекогаш ме интересирало како изгледа Харис без шапка и конечно дојде време да дознаам“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.