Пред две години, Милица Павловиќ купи стан од 90 квадратни метри во еден од најлуксузните делови на Белград.
Во тоа време, според медиумите, пејачката платила 320.000 евра за станот и ги ангажирала најдобрите архитекти за тој да изгледа совршено и во согласност со сите светски трендови.
Пејачката уште тогаш изјави дека нема да слика станот за весниците, но сега се појави видео од нејзиниот стан.
Имено, Павловиќ синоќа дебитираше во серијата „Пејачка“, која беше снимена врз основа на мотивите од животот на трагично починатата Јелена Марјановиќ, а нејзините пријатели ја снимаа додека ја гледаа пилот епизодата.
Милица беше фотографирана од пријателите во нејзиниот стан, во кој доминираат кафеава и беж боја, додека само столчињата за јадење се сини. Јасно може да се види дека се вложени многу пари во овој стан, како и дека пејачката ангажирала професионалец кој се погрижил за сите детали.
Пејачката еднаш ја покажа својата кујна, која не е помалку луксузна од остатокот од станот.