Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, денеска ќе игра против Медведев во финалето на US Open, откако доживеа шок кога му ја ограбија куќата во Марбела.
Новак ја продолжи кампањата за 21. грен слем титула со победа над Џенсон Бруксби, а натпреварот, секако, го следеше неговата сопруга Јелена.
За време на натпреварот, американскиот директор за емитување на тој дуел ја фати Јелена на неколку секунди, кога слушна што кажа Џон Мекинро во емитувањето. Поранешниот повеќекратен грен слем шампион и поранешен број 1 веќе долго време е голем фан на српскиот тенисер, а сега зборува за фактот дека Ѓоковиќ го избра идеалното место за престој во Њујорк.
„Во резиденцијата на Гордон Џулинг, каде што моментално се наоѓа Ѓоковиќ, ќе се стори сé за да се потрудат околу нив и затоа тоа е најдоброто место за него“, рече Мекинро.
Во тој момент камерата беше на Јелена Ѓоковиќ, која со својот гест покажа дека Мекенро го слуша и се насмевна, а тој гест го воодушеви Американецот. „И ти си најдобра“, и рече Џон на Јелена.