Новосадската барбика не за џабе го има тоа име – еве како изгледаше Наташа Беквалац на почетокот на нејзината кариера
Една од најпопуларните, но секако и најубавите пејачки од регионалната сцена е Наташа Беквалац. Без разлика дали позира во опуштено издание, без трошка шминка, или носи некоја глам комбинација, Наташа секогаш е забележана.
Со години е на сцената, а вниманието го привлекува со своите хитови и музика, како и со бурниот љубовен и семеен живот.
Се чини дека нејзината кариера е во нагорна линија од самиот почеток, но сепак, многумина не се сеќаваат како изгледала кога првпат се појавила на музичката сцена.
Иако многумина се прашуваат дали подлегнала на естетски процедури на лицето, нејзините стари фотографии секогаш ги негираат таквите наводи, па дури и не е потребно Наташа да се огласи лично. Една фотографија од почетокот на нејзината кариера покажува дека Наташа имала совршено полни усни, прекрасни црти на лицето во помладите денови, а нејзината фигура секогаш била беспрекорна!