ЦЕЦА ЈА ИСКОПИРА КОМБИНАЦИЈАТА НА КАРЛЕУША! Дојде на снимање во црвен, идентичен фустан каков што носеше Јелена

popara16 септември, 20216min0
jeca_ceca

Во истото шоу додека беше дел од жирито

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска дојде да ја сними втората епизода од новата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

За разлика од минатиот пат, кога беше во сино одело, кое го откри нејзиното бујно деколте, овој пат Цеки избра огнена црвена комбинација. Комбинираше кожен фустан со црвен кармин и големи, црни очила.

Оваа боја одлично ѝ прилега, како и кројот на фустанот кој ја истакнува нејзината половина и витката фигура.

Познато е дека Ражнатовиќ е новиот член на жирито на популарното шоу, а таа дојде на местото на нејзината најголема ривалка, Јелена Карлеуша.

Оттогаш, фановите не престануваат да ја следат замената на Карлеуша и одвреме -навреме ја споредуваат со неа.

Истото е и денес, кога нејзината комбинација веднаш се спореди со онаа на Јелена, која некогаш ја носеше поп дивата.

Црвената кожа, облините во преден план, па дури и очилата се слични. Случајност или не? Оценете сами.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma