Не престанува да изненадува со својот изглед: Сека Алексиќ има 10 килограми помалку, кратка фризура и совршено е стилизирана

popara28 октомври, 20211min00
329490_seka_ff

Откако ослабе, како што изјави, хранејќи се здраво, пејачката ја промени фризурата, а сега изненади со комбинацијата на облека, па на социјалните мрежи добива само пофални коментари.

Пејачката Сека Алексиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија под која следеа голем број позитивни коментари бидејќи на неа изгледа фантастично.

Имено, таа пред извесно време ја скрати косата и ја смени фризурата, а во таа прилика изјави:

– Воопшто не планирав да се потстрижам. Ми дојде. Ми се допадна овој аутфит и се замислував со ваква фризура и сакав кратка фризура, се изморив од мојата коса – откри Сека која ослабе 10 килограми.

Сега, покрај убаво средената коса, носеше и костум од локална модна куќа, кој одлично и прилега, бидејќи сакото ја истакнува нејзината половина и витката линија. Панталоните кои беа дел од овој аутфит имаа широки ногавици и со таков крој внесоа модерна нота на нејзиниот изглед бидејќи предимензионалната гардероба и понатаму е во тренд.

Многу интересна беше и белата кошула со долги ракави, симпатична јака која и даде грофовски изглед и посебна димензија на комплетната комбинација и стил.

Да потсетиме, Сека неодамна прокоментира како ослабела 10 килограми:

– Здрава исхрана, не е диета, јадам пет оброци дневно. Вељко јаде се што ќе остане, но само здраво. Најголем проблем ми е што сум готвачка, домаќинка која готви и меси, па едноставно во еден момент претерав. Но, тоа често ми се случува – истакна таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma