Иако Јовановиќ не објави дали ја раскинала врската со Милко Бабиќ, медиумите наведуваат дека таа наводно започнала нова врска.
Пејачката Сара Јовановиќ наводно влегла во нова емотивна врска која ја крие од јавноста, а во исто време се шпекулира дали раскинала со Милко Бабиќ со кого живееше.
Сепак, пејачката е фотографирана во италијански ресторан со момче, а според „24 седам“ се работи за танчер од Словенија со кој Сара Јо соработува, а тоа е Жига Сотлар.
Кореографот и танчер минатата година сними спот за песната на Сара „Кажи ми“, а освен тоа соработува и со други пејачки како Маја Беровиќ, Наташа Беквалац, Северина, Раста и други.
Иако не се бакнаа, момчето наизменично ја држеше околу половината и за раката, па можеше да се заклучи дека не се работи за пријателство, пренесува „24 седам“.
Двојката останала во ресторанот околу два часа, а штом завршиле со јадењето, платиле и продолжиле понатаму.
– Познато е дека Сара никогаш не зборува за приватниот живот, па тоа нема да го направи ниту сега – велат од ПР тимот на Сара.