Иако зад себе има долгогодишно пејачко искуство, а многумина мислеа дека ќе се повлече со микрофонот во раце, Ана Николиќ нема такви амбиции.
Имено, таа неодамна присуствуваше на јавен настан, што е една од ретките прилики во кои реши да се дружи со припадниците на „седмата сила“, со оглед на тоа што последниве неколку години сè помалку дава интервјуа.
– Сè повеќе ја сакам работата што се одвива зад камерата и се гледам себеси во неа. Се гледам себеси како продуцент, бидејќи повеќе не сум за овие егзибиции – изјави Ана.
Николиќ додала и дека покрај тоа што нејзиното име често се среќава на страниците на дневниот и неделниот печат, таа никогаш не се гледала себеси како личност родена за да биде изложена на таков вид.
– Всушност, никогаш не сум била нешто посебно и не сум бил за вакви егзибиции. Никогаш не трпев да бидам во кадар, освен кога имав повод и причина за тоа, а тоа беа секогаш песните – изјави Ана.