„АТИНА И НИКА НЕ СЕ СВЕСНИ ШТО СЕ СЛУЧУВА“! Карлеуша првпат отворено за Душко, ПОВЕЌЕ НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ!

popara16 ноември, 20211min00
Screenshot_4

Пејачката Јелена Карлеуша ја очекува поддршката од целото семејство кога ќе застане пред белграѓани во најлудата ноќ.

Познато е дека пред Собранието во Белград за секоја новогодишна ноќ настапуваат само најголемите домашни и регионални ѕвезди, а годинава тој дел ќе ѝ припадне на една од најпопуларните домашни пејачки Јелена Карлеуша, како и на нејзините колешки Марија Шерифовиќ и Сара Џо.

Тие три минатата недела ѝ се обратија на јавноста и најавија голема забава во главниот град, а особено се очекува спектакл од Јелена, па таа веќе вети неколку модни комбинации таа вечер и концерт за паметење. Истакна дека во нејзината повеќе од две децении долга кариера ова ќе биде првпат да настапи за белграѓани во најлудата ноќ, поради што е возбудена, но ќе биде можност и за нејзините наследници Атина и Ника на посебен начин да се сеќаваат на нивната мајка во вакво издание. На прашањето дали нивниот татко и нејзиниот сопруг Душко ќе се појави на тој настап, пејачката изрази уверување дека нема причина да се случи поинаку.

– Мислам дека Атина и Ника сѐ уште не се свесни што се случува и дури еден ден ќе сфатат што значи тоа што нивната мајка пеела пред Собранието. Кога еден убав ден ќе ги погледнат снимките и сликите од таа вечер, ќе можат да се гордеат со својата мајка. Не гледам зошто и Душко не би бил таму, тој сега ја заврши кариерата и го има целото време на светот да биде со нив пред Собранието – изјави Јелена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma