Анастасија Ражнатовиќ ја отворила душата во интервју и открила детали од приватниот живот за кој јавноста досега не била запознаена. Таа поради својата мајка прв и последен пат се степала во училиште.
– Се сеќавам на училишните денови од тогаш, кога мајками беше дома со алка на нога ( за затвореник во дом. притвор). Имав 12 години и се правев луда. Како ништо да не се случило, а весниците бруева. Мајками беше на сите насловни станици. Пишуваа што ќе биде што нема да биде. Ќе ни ја одземат куќата, ќе и го земат старателството. Имав среќа што во училиштето немаше злонамерни деца кои ќе ме извикуваат. Имаше едно девојче – заборувала Анастасија на К1 во емисијата “Преживеани“ со Милан Клиниќ.
– Тогаш прв пат се степав во училиште, бидејќи ја навреди мојата мајка. Нешто рече за таа алка на ногата. Иако сум мирна и сталожена, кога семејството е во прашање и кога таков неред се случуваше, бесот ме совлада. Кога некој ќе те закачи за мајка, а само неа ја имаш…
Младата пејачка изјавила дека во тој момент и паднал мрак пред очи.
– Таа во петок тоа ми го напишала преку Фејсбук, а јас во понеделникот ја најдов во училиште и ја удрив, се испотепавме. Сите беа во шок бидејќи јас никогаш не бев дете кое прави проблеми. После тоа, многу брзо, мајками одлучи на однесе на Кипар – заклучила Анастасија.