Богдана и Вељко Ражнатовиќ конечно ја донесоа одлуката по која Цеца толку копнееше.
Имено, откако Вељко и Богдана се преселиле да живеат во куќа во Тител, а Анастасија почнала да живее со Џорџе Куљиќ, Цеца се чувствувала осамено во семејниот дом.
Меѓутоа, според тамошните медиуми, Богдана и Вељко сега се враќаат во семејната вила, а причината е што нивниот син Жељко тргнува во градинка.
– Вељко и Богдана се вратија во семејната куќа. Решиле дека е подобро нивното дете да оди во градинка во Белград и тоа да им биде база. Богдана пред неколку дена беше видена во еден белградски ресторан како ужива во ноќно излегување со Анастасија – вели извор за „Ало“ и додава дека поради оваа одлука Цеца е најсреќна:
– Цеца е среќна што сега ќе може постојано да биде со внукот, бидејќи тоа ја прави исклучително среќна.