Се породи пејачката Катарина Грујиќ.
Пејачката и фудбалерот Марко Гобељиќ станаа родители на девојче за кое го одбраа името Катја.
Прекрасната вест парот ја објави на социјалните мрежи, а Марко ја објави и првата фотографија од наследничката.
„Добредојде, кукло моја“, напиша Гобељиќ покрај фотографијата со ќеркичката.
Следеа честитки од нивните пријатели и следбеници, меѓу кои и пејачката Анастасија Ражнатовиќ.
-Драги мои Гобељиќ, денес станавте најсреќни луѓе на светот. Од срце ви честитам на раѓањето на малата Катја, да е жива и здрава, напиша Анастасија.
Честитки.