Пејачката Емина Јаховиќ ја промени фризурата.
Боб фризурата дефинитивно ќе биде моден хит за следната година, а пејачката Емина Јаховиќ реши да ја направи оваа позната фризура која ја препорачуваат најпознатите фризери.
Со оглед на тоа што жените одлучуваат драстично да ја сменат фризурата кога ќе им се случи нешто во животот, а особено на љубовен план, се уште не се знае дали има вистинска причина за ваквата промена на имиџот.
Познато е дека пејачката се повлече од јавната сцена по раскинувањето со Садет Саранб, турскиот милионер, и сета своја енергија ја вложи во својата линија производи за шминка, но сите нејзини обожаватели веруваат дека познатата пејачка сепак пишува песни кои ќе излезат кога ќе биде подготвена.