Бидејќи немало друг начин побрзо да си ги врати парите, се согласила да добие помала јахта стара само неколку години во замена за евра
Покрај луксузниот автомобил, Дара Бубамара неодамна поседува и јахта на која би и позавиделе многу колеги од естрадата.
Пејачката во октомври годинава успеала да врати дел од долгот од должникот во износ од 135.000 евра со тоа што наводно наместо пари и дал ни помалку ни повеќе, туку јахта.
– Пејачката минатата година наводно му позајмила пари на пријател кој води бизнис во Црна Гора, а бидејќи немало друг начин побрзо да и ги врати парите, се согласила во замена за евра да добие помала јахта стара само неколку години. Потоа отпатувала во Црна Гора за да го реши документацискиот дел – изјавил извор за 24sedam.
Соговорник близок на пејачката открил и дека Дара наводно во неколку наврати позајмила многу пари на луѓе за кои верувала дека ќе и ги вратат во ветениот рок, но и дека веќе има простено некои долгови.
Меѓутоа, последниот пат кога позајмила голема сума пари, дури и во износ од еден стан, не се откажала, па бил постигнат договор да ја земе јахтата.
Засега, како што наведува, Дара наводно нема да го продава пловилото, туку планира да го искористи во лето. Соговорникот не прецизирал за кој модел се работи, но објаснил дека внатрешноста на јахтата кожна, има мини кујна и еден помал брачен кревет.
Дара се огласи, но не беше расположена да коментира за тоа.
– Немам коментар – кратко изјави пејачката.