Изборот на фустан за најлудата ноќ можеби не е најлесната модна задача, но е меѓу најслатките бидејќи ни дава можност да не се воздржуваме премногу – може да биде прекраток, премногу шарен и премногу светкав… Таму речиси и да нема граници!
Сепак, понекогаш класиката остава најдобар впечаток, а таков фустан неодамна носеше и пејачката Анастасија Ражнатовиќ која на Инстаграм сподели неколку фотографии за кои позираше во еден од најубавите тоалети што сме ги виделе оваа година.
Младата музичка ѕвезда избра, имено, интересен модел прилепен за нејзиното тело, која ја истакнува витката фигура и е одлична комбинација на концизност и гламур.
Станува збор за фустан чиј клучен дел е деколтето во форма на срце, а романтичниот шмек го засилуваат долгите полупроѕирни ракави од тул украсени со ситни црни точки и благ пуф ефект. Миди должината е одличен начин да се нагласи висината и дополнително да се издолжи фигурата, а покрај предниот дел во форма на срце има и ланче со привезок во иста форма. Овој фустан Анастасија го носеше со едноставна црна чанта, додека косата само неколку пати ја скрши на нежни бранови.
Со ваквиот избор на накит и облека, пејачката се одлучи за златни и розови тонови во шминката, а „главниот“ дел од ова мејкап издание се нејзините усни раскошно обоени во розова боја и беспрекорно исцртана линија за очи.
Совршено за влез во 2022 година!