Сенида во средата навечер настапи во еден клуб во Прњавор, Босна и Херцеговина.
Словенечката пејачка Сенида Хајдарпашиќ (36), попозната како Сенидах, била нападната за време на настапот во средата вечерта во клуб во Прњавор, Босна и Херцеговина.
Според еден сведок, пејачката била на сцената кога бил фрлен солзавец, поради што настапот бил веднаш прекинат, дознава Курир.
Засега не е познато кој го фрлил солзавецот, а самата пејачка засега не го коментирала инцидентот.
Сенида е една од најпопуларните музичарки во регионот. Оваа година таа беше главна ѕвезда на 20-от Загреб Прајд. Таа на сцената во паркот Рибњак за време на настапот носеше тесен фустан од змиска кожа под кој немаше долна облека, а околу половината носеше појас од вештачко крзно.