Јелена Карлеуша настапи на дочекот на Новата година во Белград и така уште еднаш покажа како изгледа без фотошоп.
Оваа Нова година работеше и пејачката Јелена Карлеуша.
43-годишничката прво пееше пред зградата на Народното собрание каде наводно дошле околу 20.000 луѓе да ја слушаат, а потоа во еден познат ноќен клуб.
Како и секогаш, таа се погрижи нејзините комбинации да бидат оскудни и проѕирни, а во текот на ноќта смени неколку.
Сепак, она што уште еднаш го украде целото внимание е како изгледа популарната пејачка без филтри и фотошоп за кои е познато дека обожава да ги користи на секоја фотографија на социјалните мрежи. Поради тоа пејачката изгледа многу помладо и „испеглано“ отколку што навистина е, но со таа пракса не застана ни по бројните критики.
Во годината зад нас, Јелена го напушти шоуто „Ѕвезде Гранда“, кое многумина го следеа поради неа и нејзините коментари, а наскоро ќе издаде и нов албум.
Како изгледа Јелена без доработка, погледнете во галеријата: