Пејачката Јелена Карлеуша на настапот се преоблече неколку пати.
Пејачката Јелена Карлеуша ја дочека новата 2022 година пред Собранието во Белград, кога одржа концерт за паметење пред десетици илјади луѓе.
Карлеуша инаку е позната по своите необични комбинации и уникатни костими за настапи, па така од неа се очекуваше многу за новогодишната ноќ, а пејачката ја исполни својата задача.
За време на концертот таа се преоблече неколку пати, а костимите беа неверојатни. Доминираа златните, црвените и белите тонови, во склад со празничната атмосфера.
Карлеуша смени неколку улоги – беше снежна кралица, со долга бунда, а потоа и ледена кралица, кога ја соблече бундата, а под неа остана бел костим со имитација на мраз.
После тоа, се претвори во огнена Баба Мразица, а за крајот на настапот беше резервиран златен костим во кабаре стил, па дури имаше и пердуви на главата.