– Те молам Филип, знаеш дека не сум срамежлива жена, но да се фокусираме на прашањата – му рече Јелена на водителот.
Поп ѕвездата Јелена Карлеуша направи невиден спектакл пред Собранието во Белград за дочекот на Новата 2022 година, а сега гостуваше во утринската програма на ТВ Прва.
Јелена блескаше во црн краток фустан со истакнато деколте, а креацијата во пределот на градите беше само на врзување, па на нејзиниот стајлинг не остана имун ниту водителот Филип Чукановиќ кој веднаш се загледа во пејачката.
– Жал ми е што не снимивме како ти го закачуваа микрофонот – рече Филип, па ја збуни и самата пејачка.
– Гледам дека гледаш во оваа насока, па ја ставив косата. Те молам Филип, знаеш дека не сум срамежлива жена, но да се фокусираме на прашањата – изјави Јелена.
Таа потоа додаде дека овој концерт и бил подарок за Белград, но дека на сцената имала мали технички проблеми, па се пошегува на сметка на нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.
– Костимите на мене пукаа цело време, но јас сум професионалец, па никој не го виде тоа. Од силните кореографии и движења сето тоа почна да пука, но тоа им се случува и на другите играчи и пејачи, тоа не е ништо ново – изјави Јелена.
-Верувајте ми, да сметам на парите на Душко, ќе се облекував само во Зара. Тој е некој што рационално ги троши парите, а јас сум некој што работи и заработува три децении, па би било смешно да не можам да си дозволам вакво нешто на себе, а и на моите белграѓани. Ова му го подарив на Белград – заврши Јелена.