Јелена Ѓоковиќ најголемиот христијански празник ќе го прослави со семејството, но без својот сакан Новак, со оглед на тоа што бил чуван во хотел за имигранти во Австралија и наскоро треба да биде вратен во Србија, доколку не се донесе одлука дека може да игра во „Australian Open“.
Токму на големиот празник Јелена преку својот Инстаграм профил испрати трогателна порака, а дека љубовта и поддршката се единствените важни работи во животот докажува и фотографијата на која позира со Новак и нивниот миленик.
– Среќен Божиќ на сите кои го слават денес! Мир Божји! Сакам сите да бидат здрави, среќни, безбедни и заедно со своите семејства. Би сакала денес моето семејство да биде заедно, но се тешам што сме барем здрави. И ние ќе пораснеме од ова искуство – напиша таа и додаде:
– Ви благодарам драги луѓе ширум светот што го искористивте вашиот глас за да испратите љубов и поддршка до мојот сопруг. Длабоко дишам за да се смирам и да најдам благодарност (и разбирање) за се што се случува сега. Единствениот закон што сите треба да го почитуваме без разлика каде сме е Љубовта и Почитта кон другите луѓе. Љубовта и простувањето никогаш не се грешка, туку моќна сила.
Родителите на Новак вечерта ја поминаа во црквата Свети Сава на божиќната литургија на полноќ. Срѓан и Дијана тешко ја поднесуваат незавидната ситуација во која моментално се наоѓа нивниот син, но се надеваат на најдоброто.