Душко Тошиќ за прв пат проговори по пријавувањето за насилство: „Никогаш не сум се служел со тоа“ (ФОТО)

popara10 јануари, 20221min00
Screenshot_2

Јелена Карлеуша вечерта на Божиќ го пријави нејизниот сопруг- фудбалерот Душко Тошиќ за семејно насилство кое наводно се случило во нивната куќа во Белград.

 

Таа во полиција изјавила дека Душко физички ја нападнал со тоа што по кратка расправија и удрил шлаканица. За медиумите Јелена не дава никакви изјави. Но повикан се почувствува Тошиќ кој како што кажа во неговото обраќање е многу лошо претставен во јавноста а ни приближно тој опис не соодветсвува со фудбалерот во приватниот живот.

 

Неговата изјава објавена на социјалната мрежа Инстаграм ви ја пренесуваме во целот

 

„Почитувани пријатели, следбеници и припадници на медиумите, обично не милувам да се обраќам вака бидејќи сметам дека моето име ипрезиме треба да се врзуваат исклучиво за спортски настани и хумани дела. Проследив што се пишуваше за мене деновиве па затоа бев приморан да се обратам јавно на овој начин.

 

Како што можете да забележите јас сум секаде претставен како насилник и во секој наслов јас сум лошата страна. Вистината е дека јас не поддржувам никакво насилство и никогаш со тоа не сум се служел.  Затоа во ваквите наслови воопшто не се пронаоѓам. Оние кои ме познаваат, знаат дека секогаш сум бил господин човек, каде и да сум бил и  што и да сум правел. Затоа ќе ги игнорирам сите натписи и ќе оставам ветарот против мене да помине.“

На крајот тој му изрази огромна подрршка на тенисерот Новак Ѓоковиќ во врска со последните случувања во Австралија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma