Не било сè секогаш одлично и сјајно
Иако денес има доволно пари за луксузен живот, Лепа Брена на почетокот на кариерата имала финансиски потешкотии. Како што самата изјави во една прилика, тогаш не можела да си дозволи сѐ што ќе посака, а за настапи сама шиела некои работи.
Како што често истакнува, многу е горда на своите почетоци, но никако не ѝ било лесно. Немала доволно пари да купи облека, но заедно со нејзината мајка во далечната 1983 година шиела и кроела работи за да биде соодветно облечена за сцената.
– Јас бев свој стилист и свој фризер и тоа ми беше многу слатко! Во Минхен имаше продавница со материјали погодни за сцената и се сеќавам дека сè беше прескапо – рекла Брена во една од нејзините посети и додала дека поради таквата ситуација често шиела мини здолништа, бидејќи за тоа ѝ требало најмалку материјал. .
– Решението за тоа беа мини здолништата, бидејќи содржеа малку материјал – откри Лепа Брена многу години подоцна во едно од нејзините интервјуа,