
Помага да се ослободите од маснотиите, да го регулирате апетитот и да го зајакнете имунитетот
Секој еликсир за слабеење содржи лимон, прекрасен цитрус кој содржи многу витамин Ц, полифеноли кои помагаат да се ослободите од мастите, но и влакна и пектин кои помагаат во регулирање на апетитот и зајакнување на имунитетот.
Друга состојка на овој напиток е ѓумбирот, корен кој помага за слабеење, го намалува ризикот од воспалителни процеси во организмот, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и имунитетот. Вкусот на овој пијалок е позачинет, а има одлични зачини како цимет и црн пипер. Циметот го забрзува метаболизмот, го намалува шеќерот, поттикнува слабеење, а биберот е еден од најдобрите зачини за согорување маснотии и губење на калории.
За да подготвите напиток кој го поттикнува согорувањето на салото на стомакот потребни ви се два органски лимони, 1 лажица рендан ѓумбир, 1 стапче цимет или 1/4 лажица цимет во прав.
Исцедете го лимонот, а потоа исечете ја кората на прстени. Излупете го и изрендајте го ѓумбирот. Во тенџере истурете 1,5 литри вода, додадете ги кришките лимон, ѓумбирот и стапчето цимет. Кога ќе зоврие, варете уште 20 минути на средна температура. Покријте го тенџерето, тргнете го од оган и оставете да отстои околу 10 минути. Напитокот процедете го, па додадете го претходно исцедениот сок од лимон. Промешајте и уживајте во напитокот. Можете да го засладите со една лажичка органски мед. Консумирајте го еднаш дневно пред јадење.
Напитокот не се препорачува за луѓе кои имаат стомачни проблеми или гастритис.