СОФИЈА ГО МОЛЕЛА ДУШКО ДА СЕ РАЗВЕДЕ! Аферата на манекенката и фудбалерот која ја потресе ЈАВНОСТА!

popara8 февруари, 20221min00
Screenshot_5

Аферата која ја потресе јавноста, а не е заборавена е онаа меѓу Душко Тошиќ и Софија Милошевиќ.

 

Манекенката Софија Милошевиќ е позната по врските со познати мажи, особено со фудбалери. Јавноста ја запозна како девојка на Филип Живојиновиќ, потоа неколку години беше во врска со тенисерот Виктор Троицки, па со фудбалерот Адем Љајиќ и на крајот заврши во брак со Лука Јовиќ.

 

Како што се пишуваше, Софија за време на врската со Адем Љајиќ му била љубовница на Душко Тошиќ кој тогаш играл во Кина, а Софија се обидела да го искористи скандалот со Јелена Карлеуша за кој тогаш се шушкаше во јавноста и секој ден го уверувала дека мора да се разведе.

 

– Софија е луда по Душко, а откако во јавноста се појавија фотографиите на Јелена, таа го моли Тошиќ да се разведе. Му вели дека ќе ја заврши кариерата ако продолжи да е во брак со неа затоа што психички ќе пропадне – рекол извор близок до манекенката и изјавил дека Милошевиќ е подготвена на сѐ за Јелена и Душко да се разведат.

 

– Софија планира да оди кај Душко во Кина и лично да го убеди да ја напушти Јелена. Во него гледа добра можност и е сигурна дека тој е мажот на нејзиниот живот. Затоа во порно аферата на Јелена Карлеуша виде можност Душко да го врзе само за себе со тоа што ќе биде негово рамо за плачење.

 

Потсетуваме, Софија и Душко се запознале на крајот на 2018 година, а откако заедно излегле на забава, Јелена Карлеуша дознала дека сопругот ја изневерува. Меѓутоа, таа решила да му прости, а Душко ѝ го платил на Софија патот и хотелот во Њујорк за да се смират страстите меѓу него и Јелена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma