ДОБИЛЕ ПОРАКА КОЈА ИМ ЈА ЗАЛЕДИЛА КРВТА ВО ВЕНИТЕ: Лепа Брена првпат ги откри деталите од киднапирањето на синот Стефан

popara24 февруари, 20221min00
Lepa-Brena-i-Stefan-Zivojinovic

Лепа Брена откри дека киднаперите и испратиле порака дека Стефан може да го добијат жив за 2,5 милиони или мртов за пет милиони марки.

Лепа Брена за првпат проговори за непознатите детали од киднапирањето на нејзиниот и синот на Боба, Стефан Живојиновиќ, во 2000та година. Таа ги потврди приказните дека киднаперите барале 2,5 милиони марки за неговиот откуп.

Тогашниот осумгодишен син на Брена и Боба беше киднапиран на 23ти ноември 2000та година, пред куќа на Бежанијска коса во Белград. Брачната двојка Живојиновиќ дознала за киднапирањето откако киднаперите им испратиле порака: „Господине и госпоѓо Живојиновиќ, вашиот син Стефан е кај нас. Ќе се однесуваме хумано со него се додека сте коректни. Нема да му недостига влакно од главата“.

Брена изјави дека набрзо добиле уште една порака која им ја заледила крвта во вените. Ни беше кажано дека Стефан може да го купиме на два начина, жив за 2.500.000 тогашни германски марки или мртов за пет милиони. Рекоа и дека во друг случај ќе ни испраќаат дел по дел од телото на Стефан. Во целиот мој живот не ми се случило ништо пострашно или поболно. Мислев дека ќе полудам и никогаш повеќе нема да бидам нормална личност. Му се молев на Бога да ми ја спаси психата. Се молев за сите нас, но пред се моето дете да нема психолошки последици“, изјави Брена за „Хит Информер“.

See the source image

Брена и Боба не губеле време, веднаш собрале пари и по пет дена Стефан се вратил жив дома. „Не сакам да навлегувам во детали бидејќи тоа е приказна која нема крај. Кога би ви кажала сè, сите ќе плачеме и ќе се тресеме, нема да се чувствуваме добро. Таа рана е зашиена. Добро сошиена, нема да пукне и да прокрвари. Но, кај сите нас сè уште постои душевна болка за која нема лек. Во денешната медицина можете да го промените срцето, коленото, да извадите тромб на крвта, да го оперирате мозокот. Но, кога е нарушена психата, многу е тешко да се вратите во нормала“, изјави Брена.

Таа објасни како успеале да го надминат најтрауматичното искуство во нивниот живот. „Бевме исполнети со оптимизам за да можеме да преживееме. Сфативме дека животот мора да има убави и тешки моменти. Да дозволевме болката да не совлада, ќе полудевме. Само ќе плачевме“, заклучила Брена, пренесува „Блиц“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma