Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ покажа како ужива за Денот на жената и како го поминува своето слободно време.
Иако многу познати дами објавуваат подароци кои ги добиле за 8-ми март, Ражнатовиќ сподели на социјалните мрежи како ужива во својот дом во Дедиње.
Имено, младата пејачка се опуштила во када полна со пена, а со телефонот ги снимала своите долги нозе. Меѓутоа, тоа не е се.
Анастасија одлучила да ужива за „сите пари“. Бидејќи во тоалетот има телевизор, додека се „брцкала“ во водата, пејачката ја гледала и втората сезона од својата омилена серија.
Да потсетиме, Ражнатовиќ за неколку дена на 12-март го имаше својот прв настап и тоа во еден клуб во Париз, а со неа ќе настапи и познатиот музичар Слободан Вељковиќ – Цоби.