Пејачката не е секогаш нашминкана и средена…
Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, пејачката Анастасија Ражнатовиќ објави видео во кое без трошка шминка го чека својот лет на аеродром.
Анастасија се снимила на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пред да замине за Париз.
На себе има црна јакна, а одблиску го сними лицето без шминка, додека заштитната маска и беше ставена на брадата.
Ражнатовиќ е на аеродром поради нејзиното заминување за Париз, каде во сабота на 12-ти март го има првиот закажан настап во клуб во Париз.